Општеството не влијае само на луѓето – луѓето влијаат и на нивното општество.

Младиот човек има потреба да гради позитивна слика за себе. Додека се развива и расте, тој учи да ја прифати реалноста и да се прилагоди на таа реалност. Но, за да се прилагоди тој треба да ја засака таа реалност, да се идентификува со таа средина, со позитивните модели, со победите и мудростите на минатите и сегашни генерации. Така тој ќе посака да стане иднина и да ја подобрува сликата за себе и средината во која живее, така се развива припадноста кон општеството кое не се заснова врз роднинските основи, припадноста на етничката заедница, политичката партија или која било друга релација.

Емил Диркем тврди дека „детето за да стане приврзано и поврзано со општеството мора во него да чувствува нешто што е стварно, живо и моќно, што доминира со личноста што тоа исто така, му го должи најдобриот дел од себе“. Образованието  ја зајакнува хомогеноста, зацврстувајќи ги во детето од самиот почеток суштинските сличности кои колективниот живот ги бара. Без тие „суштински сличности“ соработката и општествената солидарност – општествениот живот не би бил можен.

Токму поради тоа училиштето е „општество во мало“, модел на општествениот систем, таму се пренесува и учи системот на вредности и погледот на реалноста. Тоа искуство го подготвува за интеракција со припадниците на општеството, учејќи и почитувајќи ги правилата во училиштето како мини општество, детето учи да ги почитува правилата воопшто. Тоа е неговата прва иницијација во строгост на должноста.

Целта на секое добро родителство и на секој добар образовен систем е да му помогне на младиот човек да израсне во самостојна, одговорна и социјализирана личност. Одговорноста кон себе и кон другите не е способност која се активира во моментот кога ќе се наполни осумнаесет години, туку се гради во еден постојан и постепен процес кој започнува многу рано, уште од искуствата и активностите од најраното детство.

Чувството за одговорност и должност се еден вид социјални и културни чувства преку кои се гради културниот вредносен систем на една заедница, и само тогаш вие станувате социјализиран член на заедницата, кога ќе бидете одговорен и ќе ги штитите нормите на заедницата на која и припаѓате.

УМОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НЕЗАВИСЕН ОД КУЛТУРАТА

Кога ќе кажеме дека за да научиме нешто „треба да излеземе од нашата зона на удобност“ – тоа му го должиме на рускиот психолог Лав Виготски малку познат генијалец кој почина млад, и кој не го препознаа за време на неговиот живот (1896-1934). Една од најважните и најпознати придонеси на Виготски e дека вишите ментални функции имаат социјално потекло, и дека децата учат преку помош на „повеќе познавања на другите“ во зоната помеѓу „може да се направи“ и „не може да се направи“.

КУЛТУРАТА Е НАЈГОЛЕМА ВО ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ

Културата е најголема во човековиот развој. Умот се развива динамично преку интернализацијата на социјалната интеракција користејќи ги човековите создадени (културни) алатки. Интеракцијата со врсниците, имитацијата, заедничкото учење и културното влијание се важни аспекти. Тој верува дека дијалектиката помеѓу поединецот и општеството во кое живеат, играат значајна улога во секој процес на учење. Децата учат постепено и континуирано од родители, врсници, наставници, средина.

Виготски сфатил дека постои комплексен однос помеѓу културата и човековиот развој. Сепак, она што се научува варира, во зависност од тоа во која култура и општество се во интеракција со поединецот. На пример, когнитивниот развој на деца кои се во една култура или субкултура, може да биде тотално различно од децата кои се од други култури.

Одговорноста се дефинира како совесно, доблесно извршување на должноста. Должност кон себе, кон другите, кон работата, кон татковината, кон средината во која живеам, кон образованието, семејството, планетата и тн. Одговорното дете знае да ја препознае својата потреба, знае да преземе акција и дури тогаш може дa ужива во последиците на својата самостојност.

Општеството не влијае само на луѓето – луѓето влијаат и на нивното општество.