Оваа епизода е токму за тоа – како да градиме образование што не нè учи само да паметиме, туку да размислуваме. Образование што не создава пасивни слушатели, туку активни умови, луѓе што не само што знаат, туку прашуваат, анализираат и преиспитуваат.
Како да изградиме образовен систем што во својата основа ќе создава идни генерации за кои критичката мисла е правило, а не исклучок? Како да создадеме простор во кој интелектуалната љубопитност ќе биде поттикната, а не задушена?
Образование што не стравува од нови идеи, туку ги бара, создава, предизвикува. Поддржувајте, срцнувајте, споделувајте !!