Кога Кинезите решија да живеат во мир, го изградија Кинескиот ѕид. Мислеа дека поради неговата висина, никој нема да може да ја премине неговата должина и цврстина. Во текот на речиси сто години постоење на ѕидот, Кинезите биле нападнати три пати. И секој пат, непријателските сили ги поткупувале чуварите на ѕидот и без никакви тешкотии го преминувале. Грешката била во тоа што го изградиле ѕидот, но не го изградиле карактерот на луѓето што ќе го штитат. Грешката не била во ѕидот, туку во карактерот на луѓето што требало да го чуваат.
Еден ориенталист рекол: ако сакате да уништите една цивилизација, постојат три начини:
1. Уништи го семејството: омаловажи ја улогата на мајката, за жените да почнат да се срамат што се мајки, или што се домаќинки!
2. Уништи го воспитанието и образованието: намали го кредибилитетот и почитта на наставниците во општеството, така што учениците да ги презираат своите учители!
3. Обезвредни ги вистинските модели во општеството: намали ја вредноста на мудрите, искусните и образованите луѓе и никој нема да ги слуша и следи!

Вистинската сила не е во ѕидовите, туку во луѓето.
(Непознат автор)