ФОРМАЛНО, НЕФОРМАЛНО, ИНФОРМАЛНО (САМООБРАЗОВАНИЕ)
Од теорија до пракса
Колкав мислите дека е односот на содржината што се учи, стекнува, преку овие три форми? Во литературата може да се најде правилото: 30% – 44% – 16%, според кое, 30% од содржината се стекнува преку формално образование, 44% преку разни неформални форми на учење, кое се случуваат надвор од редовниот образовен систем и 16% преку самоиницијативни дејствија, преку сопствено искуство, самовоспитание и самообразование (Енос, Керхан и Бел, 2003).
Уште пораспространето е правилото од 10% – 20% – 70%, според кое само 10% од она што можеме и го правиме се препишува на формалното образование, а дури 70% е резултат на искуството (Џенингс, 2013).
Информалното образование е најтивкото, но и најмоќното учење што се случува во секојдневието: од разговорите со луѓето, од семејството, од искуствата, од грешките и успесите, од патувањата, од книгите, од интернетот…
