Кога царот ги посетил манастирите на големиот зен учител Лин Чи, бил изненаден од сознанието дека таму живеат повеќе од десет илјади монаси. Љубопитен да го дознае точниот број на монаси, царот го прашал учителот:
- Колку ученици имате?
- Најмногу четири или пет – рекол Лин Чи.
Што е желба за учење?
За некои луѓе учењето е многу пријатно искуство и тие постојано имаат желба да научат нешто ново. Постојано се во потрага за нови знаења и нови вештини. Добро се чувствуваат кога учат нешто ново иако понекогаш можат да бидат фрустрирани кога она што се обидуваат да го научат е претерано тешко.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои успеваат да развијат и одржуваат различни интереси низ животот физички и ментално се поздрави и посреќни.
Психологот Mihaly Csikzentmihalyi истражувал кога луѓето се чувствуваат најзадоволни. Така го развил т.н. Флоу (Flow) – доживување. Во своите проучувања тој поаѓа од човековите активности за кои е неспорно дека се обавуваат под дејство на висока мотивација. Такви активности се шах, алпинизам, компонирање музика, хирургија и сл. Во овие и слични активности тој гледа најголема сличност помеѓу играта и работата. Луѓето за време на овие активности чувствуваат посебно „екстатичко“ (слично на екстаза) возбудување или обземеност. Ова чувство Mihaly Csikszentmihalyi го нарекува Флоу – доживување (англ. Flow – тек, проток, плима).
Станува збор за силна концентрација на внимание, во исклучување на другите дразби освен оние кои се однесуваат на самата активност. Полето на сензорната стимулација се снеснува, личните проблеми се потиснуваат, исчезнуваат грижите и анксиозноста, и наместо нив се појавува флоу – доживувањето, кое всушност ја брише границата помеѓу себе и околината.
На пример: алпинизмот е добра илустрација. Иако алпинистот доживува напор, ладно, разреден воздух и слични непријатности, алпинистот е високо мотивиран. Што го мотивира алпинистот? Самото доживување кое протекува низ организмот додека е во акција. (Csikszentmihalyi, 1975).

За да ја разбереме мотивацијата на човекот, не е доволно да се земе само еден нејзин аспект и тоа да го набљудуваме. Нужно е во предвид да се земат целите и способностите на учениците и студентите како и нивната лична, субјективна евалуација на околностите и резултатите.
Csikszentmihalyi, смета дека субјектите кои се занимаваат со активности за кои се внатрешно мотивирани имаат развиено чувство за самопочитување, повисоко ниво на уживање во работата и развиено чувство за солидарност со другите. Додека однесувањата и активностите на субјектите засновани на надворешен притисок, хиерархија, послушност и надворешно наградување, ги прати чувства на несигурност, фрустрација и отуѓеност.
Односот игра и работа е едно од најважните прашања на кои се посветува Csikszentmihalyi. Доколку ученикот или студентот се најде себе во активноста/работата, го работи она што го сака, опуштено, спонтано и креативно, тој работата ќе ја доживее слично на игра.
Csikszentmihalyi, се залага феноменот на мотивација да се толкува мултифакторски, но воедно предупредува дека за науката овој метод на мултифакторска редукционистичка комбинаторика е неуверлив.
Играта не значи дека не сме сериозни. Туку дека сериозно се посветуваме на она што е навистина човечко.