Изразот функционалната писменост е релативно нов израз. Тоа е тренд преземен од прагматичното и економско гледање на нештата. Овој концепт има сериозни критичари.
Еден сериозен професор од Велика Британија Antony O’ Hear (советник во неколку влади на Велика Британија) шеф на катедрата за образование на University of Buckingham, (прогласен за „старомоден сноб“ од Тони Блер) го критикува овој концепт и смета дека образованието воопшто не треба да ја гледа функционалната писменост како фактор кој сериозно влијае на општествените, економските или други промени.
Тој вели: „Не можете да бидете критичен за нешто ако за тој предмет на размислување немате широк спектар на знаења. А каде ќе го стекнете тоа знаење ако методите и техниките на традиционалната школа се повеќе ги прогласуваме за фактор за кочница во стекнувањето на функционалните знаења?